Петар Печков
Објавено: среда, 23 декември 2020
Откако изминатава седмица, сериозно се намали бројот на пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19, физикалното одделение од Велешка Болница е празно. Тоа нема да прима пациенти. Така по ова, за пациентите позитивни или сомнителни на ковид-19 во болницата се сместуваат само на Инфективното одделение кое има 54 кревети.
На одделот за Физикална терапија и рехабилитација кој е наменет како ковид центар моментално немаме хоспитализирани пациенти и е ставен во времено мирување. Позитивните случаи се примаат во Инфективното одделение, додека сомнителните или негативните кои имаат здравствени проблеми се на Интерно одделение - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Денес во велешката Болница се хоспитализирани 39 пациенти од кои 32 се потврдени позитивни, непотврдени двајца и пет пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување.
Tweet |