речник контакт

Времено ангажираните во ЈКП Дервен бараат плата

Иако три месеци работат добиле само една плата и таа намалена

Петар Печков

Педесетината  лица кои беа времено ангажирани во ЈКП Дервен јавно се пожалија што не го добиваат надоместокот кој им беше ветен. На средбата со претставниците на Владата тие јавно проговорија и прашаа каде се нивните пари.

Иако сме на работа од средината на август досега добивме само еден надоместок. И тој понизок од најавените  и ветени седум илјади денари. Ниту сме вакцинирани, иако работиме каде можеме да бидеме заразени или да се разболиме. По нашите реакции за платата ни рекоа дека грешка. Како не згрешија да дадат повеќе а дадоа помалку. Зошто ова се случува  – праша еден од овие лица времено ангажирани во ЈКП Дервен.

Овој проблем изворно го слушна и премиерот ,кој веднаш откако дозна дека станува збор за локално комунално претпријатие го прозива градоначалникот на Велес. Неговиот одговор беше краток и јасен.

Даваме пари колку што добиваме од Владата – рече Петров. По оваa збунувачка ситуација во салата, премиерот одговор побара од кај министерот за труд и социјала. Спиро Ристовски без конкретен одговор. Па падна договор градоначалникот и министерот да најдат начин парите на овие лица да бидат обезбедени и исплатени во целост.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »