речник контакт

Времено одложен стечајот во ,,Повардарие,,

Должникот бара иземање на велешки суд. Тензично пред зградата, лозарите не дозволуваа влез

Петар Печков

АД Повардарие од Неготино, времено куртули од отворање на стечај.   Рочиштето за отворање на стечај на Винарската визба ,,Повардарие,, од Неготино, кое требаше да се одржи во Освоен суд Велес,  е одложено.

Барањето за отворање на стечај во Винарската визба Повардарие   е поднесено од страна на Царинска управа ан Македонија, поради побарување од  о 38 милиони денари   и блокирана сметка повеќе до 45 дена. Застапникот на должникот  адвокат Мирјана Марковска, побара одлагање, оти испратиле  барање до Врховен за нов суд, а не` велешкиот каде да го  работи овој предмет.

До Врховен суд поднесовме барање за делегирање на друг надлежен суд од подрачјето на Апелација – Скопје. Велешкиот суд може да трпи политички притисоци од моќници и затоа бараме да се изземе. Се надевам дека ќе се најдат начини проблемот да се реши.  Долговите се сервисираат. Овие лозари кои се тука веќе ги примија парите, согласно договорот кој Повардарие го има потпишано со Владата. Царината која бара стечај, своите  побарувања ги има обезбедено со хипотека     – рече  Марковска. 

Стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска, до одлуката на Врховен, ја прекина седницата и го одложи рочиштето, за отворање на стечај на ВВ ,,Повардарие,, Неготино.  Изминатите години од Велешкиот суд потсетуваат дека кај нив беа решени стечаите за Топилница, Порцеланка, Лозар,  Киро Ќучук, Тутунски Комбинат Куманово, се работи на стечаите  за Млаз, Ски центар Кожуф,  Жито Вардар.

На рочиштето беа присутни и  сопственикот Раде Јовановиќ од Вино- Жупа од Александровац и директорот Ванчо Кузманов.     Пред судот повеќе стотина лозари од Тиквешијата протестира и бараа да не се отвори стечај. Тие во првите моменти не дозволуваа и да се влегува во Основниот суд во Велес, но откако беа примени од претседателот  Александар Шопов и  по разгорот што го воделе со него, дозволија судот да работи. Пред зградата имаше силно полициско обезбедување.   Љупчо Аризанков, лидерот на земјоделците задоволен од одлагањето на стечајот. На прашањето како очекува седум илјади лозари да ги добијат парите, кога сметката на визбата е блокирана, тој оптимистички најави дека се` може да   се реши.

Постојат сестрински фирми на АД Повардарие и преку нив можат да се исплатат лозарите.  Тие имале проблеми и друг пат и ги надминувале, траба да им се даде шанса и  сега. Јавноста треба да знае дека   оваа визба им излезе во пресрет на луѓето, оти наместо 10 милини купи 21 повеќе, или вкупно 31 милион кг грозје. Ако не беа они, тоа ќе  останеше небрано. И затоа треба на Повардарие да му се помогне – рече Аризанков. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »