речник контакт

Времено укинати железничките бесплатни патувања за младите, учениците, студените и пензионерите

Ова е времена одлука, се додека трае кризата предизвикана од заканата на корона вирусот

Петар Печков

Од денес, четврток не важат бесплатните патувања за пензионерите и младите, кои ги  користеа за патување во внатрешниот железнички патнички сообраќај. Ова е времена одлука, се додека трае кризата предизвикана од заканата на корона вирусот.

Врз база на нацрт записникот од дваесеттата  седница на  Владата одржана на 16-ти март годинава, од денес 19.03.2020 се ставени во мирување мерките кои се однесуваат на бесплатните билети и бесплатниот превоз за возрасни лица во железничкиот патнички сообраќај - информираше Беким Лачи, портпарол на МЖ Транспорт АД Скопје. 

Бесплатен викенд за млади до 27 год.  тие користеа  секој прв и трет викенд во месецот.  Студентите имаа бесплатно патување в четврток. Секоја среда учениците од средните училишта имаа бесплатен билет. Бесплатен викенд за стари лица, жени над 62, мажи над 64 години имаа секој втор и четврт викенд во месецот.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »