речник контакт

Втор ден, втор случај на брзо возење кај Шорка

Овој пат лицето возело автомобил со брзина од 94 км/ч

Петар Печков

Утрово, нов евидентиран случај на  брзо возење кај Шорка, на регионален пат Велес- Башино село, каде брзината е ограничена на двојно пониска. 

„На 16 ноември  во 06:45 часот на улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.М.(40 год) од Велес. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Ова е втор случај за два дена. Во петокот наутро С.Ј. (24 год)  по истата улица, автомобилот марка „БМВ“ го возел со брзина од 109 км/ч.

И за двата случаи полицијата не соопштува каква пријава ќе поднес.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »