речник контакт

Втор ден без нов случај на ковид-19 во велешко а 25 пациенти оздравени

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 13 пациенти, двајца повеќе од вчера

Петар Печков

Втор ден по ред во велешко нема нов случај на позитивен на ковид-19. Бројот на оздравени изминатите 24 часа,  е 25 пациенти. И покрај тоа Велес и натаму е четврти во земјава заедно со Куманово, по бројот на активни случаи, зад Скопје,  Прилеп, Битола  Починати лица од последиците на ковид пандемијата  нема.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се  13 пациенти, двајца повеќе од вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани пет , на  Интерно  осуммина. Ново примен и оздравени нема

„Потврдено позитивни се двајца, непотврден е еден и десетмина се негативни, од нив седум се на Интерно со пост ковид инфекција. На кислородна поддршка се седум    пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »