Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 ноември 2021
Тројца починати велешани измиваните 24 часа, регистрираше Министерство за здравство. Двете лица се починати во велешка Болница, на Инфективно одделение,маж на 69 годишна возраст и жена на 84 годишна возраст, и двајцата со пневмонија и коморбидитети. Починат е и пациент на 83 годишна возраст кој бил на лекување во скопските клиники. Со ова бројот на починати од последиците на корона вирусот во велешко се искачи на 253 лица.
Втор ден по ред во велешко нема нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а 14 се водат како оздравени. Вкупниот број на активни случаи е 355.
Во трите ковид одделенија од Болницата има 47 пациенти. Од нив 36 се позитивни потврдени со ПЦР тест, тројца се непотврдени и осуммина негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита. Има примено четворица пациенти, тројца во Инфективно и еден во Mодуларната. На кислородна поддршка се 17 пациенти.
На Инфективното одделение згрижени се 21, во Модулaрна болница се 20 пациенти додека на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има шестмина.
фото костадин петров
Tweet |