речник контакт

Втор пожар во Велес за само четири дена

Завчера вечер во Велес опожарен стан кој во целост е уништен, повредени нема.

Петар Печков

Завчера вечер во Велес опожарен стан кој во целост е уништен, повредени нема.

Настанот се случи во вторникот навечер на улицата Маршал Тито бр. 5 во зграда која велешани ја нарекуваат „Свиларска“ во центарот на градот. Станот на семејството Стојановски се наоѓаше во поткровјето а за пожарот алармирале вработените од Пошта и аптеката на Зегин. Според командирот на велешката Противпожарна единица причинета е голема материјална штета.

- Уништен е комплетно станот со покуќнината, некаде околу 90 метри квадратни. Причина најверојатно е експлозија на телевизорот по што огнот го зафатил и мебелот - изјави Ристо Мицев, командир на ПП.

Според очевидците пожарот избил околу 18,50 часот. Во тој момент се слушнала екслозија и се појавил чад од балконот. Случајно тука минувал и дечкото од ќерката на Стојановски кој веднаш влегол во станот.

\"\"

- Старицата Менка беше сама дома и гледала тв кога телевизорот екплодирал. Кога влегов таа беше преплашена не знаеше што се случува и не сакаше да излезе од станот. Имаше многу чад а таа беше црна по телото од екслозијата. Некако успеав да ја истуркам но не можеше да се стори повеќе за станот, бидејќи огнот го зафати - изјави Иван Ивановски кој ја спаси старицата.

Таа е згрижена во велешката болница, нема изгореници. Според дежурниот интернист д-р Валерија Здравкин, Менка Стојановска (80 год) е хоспитализирана поради помали повреди на челото но и тоа што вдишувала чад. Нејзината состојба е оценета како добра но превентивно ќе лежи неколку дена во Болница.

Сите соседи од зградата викана „Свиларска“ беа надвор од нивните домови, преплашени и загрижени, децата плачеа од преживениот страв. Пожарникарите имаа проблеми да го локализираат огнот, бидејќи тој се ширеше од задната страна на зградата, од каде немаше пристап за возилата.

\"\"

Тие пак беа на главната улица поради што сообраќајот во центарот на градот два часа беше во прекин. Исто толку време централното градско подрачје немаше ни струја. Ова е втор пожар  во Велес за само четири дена, претходниот беше подметнат а во него имаше и една жртва.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »