речник контакт

Втор случај за седум дена на ковид-19 во Горно Јаболчиште и четворица оздравени

На Инфективно оддление има 10 пациенти, 13 се во домашен каратин, еден е во државен карантин и тројца во ГОБ 8-ми септември

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден има еден ново заразен со ковид-19, лице од Горно Јаболчиште. Тој претходно бил со симптоми , хоспитализиран во Инфективно одделение од велешка Болница, каде му е земен брис а подоцна резултатот покажал дека е позитивен, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

Ова е втор случај на лице од Горно Јаболчиште кое има корона вирус. Минатата седмица имаше уште еден жител на населбата, кој бил асимптоматски, но поради потреба да патува за Италија, сам се тестирал во приватна клиника во Скопје , каде резултатите покажале дека е позитивен. Тој е во домашен карантин.  Во Велес има четворица оздравени, кои денес се пуштени од Инфективното одделение од велешка Болница а биле последователно на два теста негативни.

На ова одделение сега има 11 пациенти,  10 од нив се потврдено позитивни, за еден се чека резултат,  тројца се во ГОБ 8-ми септември Скопје, еден повратник од Англија  е во државен карантин во хотел во Скопје и 13 лица се во домашен карантин. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »