Петар Печков
Објавено: сабота, 16 април 2022
Велешанецот Лазе Петрушевски неговиот именден , втора година по ред го одбележува со донација на топол оброк- ручек за социјално ранливите лица Годинава донираше 40 оброци, десет повеќе од ланските 30.
„Идејата на ваков начин да се одбележи овој ден доаѓа од мојата активност во Црвениот крст. Како волонтер сум вклучен во многу активности на полето на социјално хуманитарната дејност и затоа одлучив овој ден да го посветам на лицата на кои им треба помош“- вели Петрушев.
Во поделбата на топлиот оброк му помагале и тројца волонтери од ОО на Црвен крст Велес.
Tweet |