Петар Печков
Објавено: петок, 14 јануари 2022
Втора година по ред се намалува бројот на интервенции кои велешките пожарникари ги имале на терен. Лани тие имале 311 интервенции, што е за 10 помалку отколку во 2020-та и за 40 помалку отколку во 2019-та година.
ТППЕ Велес покрива подрачје на три општини, матичната Велес и соседните Чашка и Градско. При ланските пожари нема починато лица
„Намалувањето на бројот на интервенции се должи на тоа што граѓаните поради ковид заразата беа повеќе дома, има можност да се грижат за имотот и домаќинствата. Влијание имаше и нашата едукација и кампањата за заштита од пожари“ - кажа Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.
Лани во Велес имало 270 интервенции, наспроти 296 во 2020-та додека во 2019-та 303 а во 2018-та 239. Минатата година се бележи раст при бројот на интервенции за запалени возила, кога пожарникарите во 26 наврти го локализирале огнот-11 повеќе од претходно , во 20 случаи газнеле запалени контејнери за смет, во 21 запален оџак. Лани од огнот биле опожарени 179 хектари и 71 декар површина под шума или трева.
Во Чашка ТППЕ Велес имала 18 интервенции, исто колку и во 2020-та, наспроти 39 во 2019-та а во Градско 23 што е далеку повеќе отколку седумте во 2020-та наспроти девет во 2019-тата година.
Tweet |