Петар Печков
Објавено: четврток, 12 август 2010
На Пелистер претходно престојуваа 130 велешки деца од првата смена, кои беа на седумдневна рехабилитација во организација на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение, заедно со тим од воспитувачи и лекари.
Престојот на планина го подобрува нарушеното здравје на децата. Има големо подобрување на здравјето на децата болни од бронхит, бронхопневмонии и астма, потврдуваат докторите кои по престојот на планина изминатите години правеа проверки на здравјето на децата.
Велешките деца имаа нарушено здравје како последица од тридецениското работење на Топилницата за олово и цинк.
За првата смена престојот беше половина платен од Министерството за животна средина и просторно планирање и половината од родителите на децата. За децата од втората смена, кои главно се од социјално загрозени семејства, престојот во целост е реализиран со пари обезбедени од Министерството за животна средина и просторна планирање.
Tweet |