Петар Печков
Објавено: четврток, 15 септември 2022
Натпреварите од новата сезона 2022/23 година во кошаркарското првенство на Втората лига ќе започнат на 15 октомври.
Лигата ќе брои 12 екипи, исто колку и претходните години. Меѓу нив е и велешки КК Борец баскет.
Во првото коло дома, во салата Гемиџии, играат со Баскет КАМ од Македонска Каменица.
Ланската сезона велешкиот второлигаш влезе во разигрување за пласман во Прва лига, а беше елиминиран уште во првото коло.
Tweet |