Петар Печков
Објавено: четврток, 30 август 2018
Со трите гола на Дарко Ранготов ( 3,14,31 мин) и Глигоров во 34-та екипата на македонскиот футсал првак КМФ Велес стигна до втората победа во предквалифкациите за Лигата на шампионите.
Совладан е првакот на Естонија Космос со 4:0 (2:0). Натпреварот беше во рамките на второто коло а се играше во Скопје во салата Јане Сандански, бидејќи салата Гемиџии во Велес не ги исполнува условите на УЕФА.
По второто коло КМФ Велес има две победи, исто колку и првакот на Малта, Валета со кого игра сабота вечер. Победникот од оваа средба ќе оди во следното коло, во квалификациите за Лигата на шампионите.
Tweet |