Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 април 2022
Втора седмица како штрајкуваат вработените во образованието и во градинките. Откако вчера синдикатот на СОНК ја отфрли понудата на Владата за покачување од 2,5 илјади денари по вработен, денес штрајкот продолжува.
„Поддршката за штрајкот е целосна од страна на вработените“ кратко кажа Петре Јорданов претседател на регионалниот огранок на СОНК за Велес.
Во детската градинка во Велес денес како и изминатата седмица 40-тина деца биле донесени од страна на родителите да бидат згрижени. За нив се грижат 4-5 воспитувачки, кои биле претходно ангажирано со времено вработување и не биле членки на СОНК.
Во меѓувреме продолжуваат прекупувањата помеѓу СОНК и Владата во однос на барањата за повисока плата. Синдикатот кажа дека биле единствени и членството не прифатило покачување од 2,5 илјади денари, додека од Владата им порачаа дека платите за април, за деновите кога штрајкуваат нема да им бидат испатени парично, туку само придонесите дека загубените часови ќе се одработуваат после 10-ти јуни.
Од Владата потсетуваат дека претходно низ партнерски дијалог е постигнато зголемување на платите на наставниците и на вработените во градинките од 21 %.
Tweet |