Петар Печков
Објавено: четврток, 06 април 2017
Во наредните години треба да се реализира втората фаза од Хидросистемот ,,Лисиче,, .
Ова стои во акциониот план, пишан документ ,,План за инвестирање во водостопанска инфраструктура,, донесен 2015-та година и усвоен од Владата а надополнет со ,,Акцискиот план за реализција на програтта, за перидот 2017-20,,. Со него треба да се решат и други проблеми во водостопанството во земјава.
Во согласност со него треба да се започне и да се реализира изградба на систем за наводнување на околу три илјади хектари во рамките на ХС Лисиче. Тие се наоѓаат на територија на општините Велес и Чашка, а опфаќа и изградба на три мали хидроелектрани.
Според овој документ рок на спроведување е 2018-2021-ва година со вредност од 30 милиони евра. Тие средства би требало да се обезбедат од Европската Банка за обнова и развој ЕБРД или од KfW. Одобрувањето на кредитот треба д се случи до крајот на годинава.
Tweet |