Петар Печков
Објавено: четврток, 20 август 2015
Викендов на 22 и 23 август ќе се одржи 2-риот „ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН” кој ќе се плива на Езеро Младост.
В сабота ќе пливаат рекреативците, додека в недела професионалците, членови на пливачки клубови.За првиот ден се пријавени 30-тина учесници, додека за вториот 20-тина.
Пливањето е во круг по претходно одбележана патека. Еден круг изнесува 2,5 километри. Има три категории: 2,5 километри, 5 километри и олимписка дисциплина 10 километри во машка и женска конкуренција.
Почетокот на маратонот за рекреативците е од 10 часот и ќе пливаат 2,5 км додека за професионалците стартот е во 11 ч. Стартот е од пред мотелот ,,На велешко езеро,,.
Организатор е Здружението за спорт и рекреација Клуб 28, а финансиски помогнато од Општина Велес.
Tweet |