речник контакт

Вторник 5 јули, второ годинешно прскање против комарци

Авионско третирање против комарци ќе се изврши во периодот од 5:00 до 8:00 часот

Петар Печков

Второто годинешно  авионско третирање против комарци ќе го изврши на  5 јули (вторник)  во периодот од 5:00 до 8:00 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 06 јули (среда) соопштија од локалната власт.

„Третманот се врши со средство KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производител KULSAN ILАС, од Турција. одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на Решение 19-359/2 од 30.04.2018 година. Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства“- информираа од Општина Велес.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од  Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »