речник контакт

Вторник попладне, температурата во Велес се искачи на плус 40,7

Во 17ч. беа измерени +40,7 во сенка, тоа е највисоката температура измерена во градот годинава

Петар Печков

Летните температури, вчера - вторник попладне, во Велес го достигнаа врвот годинава. Во 17ч. УХМР  измери +40,7 во сенка. Тоа е највисоката температура измерена во градот годинава. Претходно во неделата а во истото време, во 17ч. беа измерени +40.

Врелиот бран кој ја зафати Македонија, предизвика високи температури една седмица, кога живата во термометарот се искачуваше до +39. Оваа вредност е измерена на мерната станица на УХМР во Велес, лоцирана во близина на Болницата, на висина од 2 метри, над тревна површини во дрвена куќарка, како што е според светските стандарди.  

Метеоролозите  најавуваат дека ќе  високите температури и врелиот бран  ќе се задржат до  денес среда. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »