речник контакт

Вторникот попладне и вечер три тепачки

Една била во Велес, друга во Горно Оризари а третата во Новачани

Петар Печков

Три физички пресметки, евидентирала велешката полиција во текот на вчерашниот ден. За сите три настани во писмена информација соопшти портпаролот Верољуб Додевски. 

На 28-ти април  во 22.00 часот во Полициската станица Велес Х.А.(21) од Горно Оризари пријавил дека околу 18.30 часот во Горно Оризари на ул.„Првомајска“ бил физички нападнат од страна на С.А.(32)

На 28-ти април  околу 18.00 часот во село Новачани, велешко, С.Ѓ.(54) од село Новачани им пријавил на полициските службеници дека во 17.45 часот бил физички нападнат од Н.Л.(37). 

На 28- ти април околу 19.00 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес  настанала физичка пресметка помеѓу Т.П.(44) и И.Б.(35) од Велес. 

Од СВР Велес соопшуваат дека нивни екуипи излегле на терен и е извршен увид на лице место.  По целосно документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »