Петар Печков
Објавено: четврток, 08 јуни 2023
Полицијата информираше дека во вторникот попладне се случила сообраќајна незгода, во која дете се здобило со тешки телесни повреди.
„На 6 јуни во 16.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Андон Шурков" во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел" со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.С.(28 год) од Велес и мопед „априлија" со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Велес“- информираа од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Велес.
„Пациентот е со повреди на глава, поради што е препратен на Клиника за неврохирургија во Скопје“ - соопшти д-р Весна Николова Неделкова, портпарол на болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.
фото архива
Tweet |