Петар Печков
Објавено: вторник, 03 јули 2018
Второто авионско третирање против комарци ќесе изврши петок на 6-ти јули во периодот од 500 до 630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 07 јули (сабота) 2018 год.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Ќерамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Tweet |