Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 јуни 2019
Второто авионско тертирање против комарци ќе se изврши на 13-ти јуни четврток во периодот од 5 до 6,30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 14 јуни -петок, информираа од Општина Велес.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства- предупредуваат од Општина Велес.
Авионското прскање против комарци го врши компанијата „БОНИЕР“ од Куманово. Согласно договорот помеѓу општината и компанијата, прскањето се врши со средството АУРОДИЛ СУПЕР Б, биоциден производ за уништување на летечки инсекти произведен од ЛОДИ ГРУП, Франција. Производот е одобрен од Бирото за лекови за употреба во јавен простор и не е штетен за луѓето. Полнењето на авионот и прскањето на подрачјето на општината е под надзор на стручно лице од Центарот за јавно здравје Велес - додаваат од локалната власт, со цел информриање на јавноста за каков препарат се користи при авио-прскањето против комарци.
Tweet |