речник контакт

Второ место за рачно изработен цртеж на автомобил на Саем во Швајцарија (фото)

Велешкиот автор Боби Стојанов има ретко хоби за што доби награда

Петар Печков

 На престижниот  Саем за тунинг на автомобили  во  Боденсе, Швајцарија, велешкиот уметник  Боби Стојанов Варга го  освои второ место. Тој доби пехар  за насликан автомобил, со ербруш - аерографија техника во категоријата боја и лак, а го освоил жирито и посетителите со цртање на автомобилот форд фокус.  Автомобилот бил сопственост на Швајцарецот Марсел Балкау.

На Саемот излагаат бројни производители на автомобилски делови, звучни системи, навигации, мултимедија, телекомуникации и друга додатна опрема, која е наменета за подобрување на перформансите на автомобилите. Стојанов второто место го освои  меѓу 800 изложени  автомобили. Тој е академскиот сликар со необично хоби.

Имав краток рок од  фирмата  излагач и  сработив за три дена, иако вообичаено потребни ми  се седум до десет дена работа за да насликам.  Сопственикот ми се јави, по препорака на негов познаник, со кого соработував и му  го нацртав автомобилот со кој ја добив наградата - објаснува  Стојанов ,кој работи како професор по ликовна  уметност во средно училиште во Велес. Ова   е признание за неговата работа, која е ретка за македонски услови.

 Претходно  има добиено  награда и во Загреб, Хрватска пред 5 години, исто така за цртеж на автомобил.  На Саемот во Боденсе учествувал за швајцарската  фирма  MdS Tunig која е специјализирана за преправка на автомобили.  Таа се претставила со пет автомобили а наградата ја освоил примерокот кој го цртал  Варгата.

TUNINGWORLDBODENSEE 2015 Саемот постои од 2003-тата година и е  еден од поголемите Европски саеми за тунинг. На него учествувале излагачи од Швајцарија,а Австрија, Италија, Германија, Франција, Велика Британија...

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »