Петар Печков
Објавено: четврток, 07 јули 2011
Границата на третирањето започнува на исток од Башино село, преку автопатот Скопје - Велес до патниот јазол за приклучување на патот за Штип, преку автопатот Скопје - Гевгелија се до кланицата "АГРИА".
На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата „Керамидна“ кон фабриката „Киро Ќучук“, се до Башино село. Со третирањето ќе биде опфатено целото градско подрачје, река Вардар по целото течение.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, третирањето ќе биде одложено за наредниот ден.
Tweet |