речник контакт

Второто BMW X1 од бонус играта „Заврти еко скутер“ се вози низ Скопје (видео)

Државна лотарија преку бонус играта „Заврти Еко скутер тркало“ додели околу 2 300 000 денари парични добивки и две возила BMW X1 од кои првото се вози во Тетово, а второто се вози низ Скопје

Петар Печков

Мартина Стојковиќ од Скопје е добитничка на второто BMW Х1 од бонус играта „Заврти ЕКО СКУТЕР тркало“. Марјана Станојковска и тимот на Државна лотарија ги предадоа клучевите од новиот автомобил на Стефанија, сестрата на Мартина пред салонот М – Кар во Скопје.

Среќната добитничка на прекрасниот автомобил BMW X1 за себе вели дека секојдневно се забавува со игрите на среќа на Државна лотарија. Доказ за нејзината упорност се и претходните помали добивки кои ги остварила од инстант лотаријата.

Иако Мартина не беше присутна на доделувањето поради оправдани причини, во телефонски разговор ни раскажа за нејзиното учество во бонус играта „Заврти Еко скутер тркало“. Имено, Мартина преку веб страната на Државна лотарија www.loto.mk регистрирала над 100 недобитни инстант лозови Еко скутер.     

Нејзината желба да вози BMW постои од пред една година, кога го положила возачкиот испит. На денот на извлекувањето, Мартина и нејзиното семејство не биле во можност да следат Лото 7 затоа што го реновирале семејниот дом, кога одеднаш се јавиле блиски пријатели да честитаат затоа што токму името на Мартина се појавило на малите екрани после електронското извлекување.

Убава коинциденција е роденденот на Мартина наредниот ден, па како што вели таа, овој атрактивен автомобил е всушност остварување на роденденската желба.

Пресреќна за добивката, на сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија им посака истрајност и упорност, никогаш да не се откажуваат затоа што не знаеме кога среќата ќе ни се насмее.

Државна лотарија преку бонус играта „Заврти Еко скутер тркало“ додели околу 2 300 000 денари парични добивки и две возила BMW X1 од кои првото се вози во Тетово, а второто ќе се вози низ Скопје.

Ви подготвуваме уште многу изненадувања наскоро, се што треба да направите е да не следите на социјалните мрежи. Можеби токму Вие ќе бидете следната среќна приказна која ќе ја раскажеме.

ПР текст

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »