речник контакт

Второто годинашно прскање против комарци, в среда

Тоа ќе се случи наутро, од 5 до 6,30ч. Неодамна се случи и земско праскање против ларви од комарци

Петар Печков

Второто годинашно  авионско третирање против комарците ќе го изврши на ден 29 Јуни  среда во периодот од 5,00 до 6.30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 30 Јуни четврток.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

 Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. 

Неодамна се изврши и земско прскање против ларвите на комарците.  Првото ларвицидно третирање го изврши ЈЗО- Центар за Јавно Здравје – Скопје . Акцијата беше спроведена од Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од Градскиот парк до делот на УЗ „Димче Мирчев“ па се до реонот на „Долни Дуќани“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »