речник контакт

Второто полугодие на учениците, годинава започнува на 23 јануари, не на 18 како што беше предвидено

Во образложението од Министерството за образование е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците

Петар Печков

Наместо на 18 јануари, учениците од основното и средното образование во школските клупи се враќаат на 23 јануари.

Ова е одлука на Владата од денешната седница (вторник), второ полугодие, наставата да започна од понеделник, пет дена подоцна од претходно најавениот почеток.  Во информацијата од Владата се додава оти наставата ќе почне со физичко присуство за сите ученици.

„Во образложението од Министерството е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците“, соопшти Владата.

Оваа одлука е по предлог на Министерството за образование и наука (МОН).

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »