Петар Печков
Објавено: четврток, 23 јануари 2020
Мерните инструменти на Министерството за животна средина, покажаа дека вчера, среда воздухот во Велес бил високо загаден со ПМ 10 честички. Така според измерени вредности на 23-ти јануари, дневните вредности биле за без малку три пати повисока од максимално дозволените. Или просечната вредност била скоро 150 мг на м3 а граничната вредност е 50 мг на м3.
Според часовните мерења, згадувањето е регистрирано во попладневните и вечерни часови. Затоа пак не се регистрирани високи вредности на чад и сулфурдвеоксид, но тие имале пикови во попладневните часови. ПМ 10 честичките. Откако почна со работа оваа мерна станица од 17-ти декември, вчерашната вредност е највисоко измерена на присуство на ПМ 10 честички во воздухот во Велес.
ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот.
На прашањето зошто вакви мали честички не мери мерната станица во Велес, како што е случај со други градови, заменикот министер Јани Макрадули најави дека со следното валоризирање на мерната станица ќе се постави мерење и за него. На Запад се мери и присуство на ПМ 1 честички во воздухот.
Tweet |