речник контакт

Вчера во Велес, две семејни пресметки

Брат нападнал брата, татко и сопруг нападнал малолетно дете и спопруга

Петар Печков

СВР Велес попладнево информира за два инциденти кои се случиле во текот на вчерашниот  ден, понеделник. И двете биле во кругот на семејството.

На 22-ти февруари,  околу 16  часот во СВР Велес, 34 – годишна жена од Велес пријавила дека нејзиниот сопруг Б.Ќ.(42) физички ја нападнал неа и нивното малолетно дете. Тој бил лишен од слобода – инфомрираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

На 22-ри февруари  во Полициската станица Велес, 31-годишен жител на Велес пријавил дека околу 23  часот во домот бил физички нападнат од неговиот брат Д.М.(35). Напаѓачот бил лишен од слобода – соопшти Додевски.

Од велешакта полиција додаваат дека  по целосно документирање на двата случаи ке биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »