Петар Печков
Објавено: сабота, 02 јануари 2021
Денес нема регистрирано нови случаи на лица потврдено позитивни на ковид-19 оздравени се тројца пациенти, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.
На поставеното прашање ос ТрМр колкумина пациенти се тестирани вчера, одговорот беше дека на територијата на Македонија вчера во јавното здравство, не се вршеле тестирање а денес тестирањата продолжиле.
Досега се починати 94 пациенти од велешко, поради компликациите од ковид заразата. Во изминатиот период заразени биле 2.784 лица а оздравени 2.141пациенти.
Денес се активни 549 случаи, од нив 22 се во велешка Болница, 521 на домашно лекување, по двајца на приватни клиники во Скопје и Болницата Козле и по еден во Инфективна клиника и торако-васкуларна клиника.
Во велешка Болница хоспитализирани се 28 пациенти, од нив 24 се на Инфективно и четворица се на Интерно. Од нив 19 се потврдени позитивни,тројца се сомнителни а шестмина се пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се десет пациенти.
Tweet |