Петар Печков
Објавено: вторник, 15 септември 2026
Во текот на вчерашниот ден, понедeлник 14 септември се изврши теренско третирање од земја, против ларви од комарци. Ова мерка е согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, со цел превентивна теристичка дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести.
„Теренското третирање од земја, против ларви од комарци опфаќа територија од 7 хектари покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание ќе се посвети на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување“ – соопштија од Општина Велес.
По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ Кавадарци. Согласно Елаборатот изработен од страна на Центарот за јавно здравје Велес, беа третирани -крајбрежјето на Езерото „Младост“, делот „Јарбош“, Градски парк, Градски стадион, Младински парк, по течението на реката Вардар, реонот на Дервенски поток и градските фонтани.
Вчеравечер, понеделник од 20 до 24ч. се изврши дополнителна терестичка -од земја, адултицидна дезинсекција во село Кумарино.
„Оваа активност претставува вонредна мерка за вонредно прскање против комарци која се реализира врз основа на постоење ризик од застоените води во с.Кумарино“ – соопштија од Општина Велес.
За потсетување ларвицидно третирање против ларви од комарци беше извршено на 7 април годинава, аеоросолна дезинсекција е комплетно спроведена на 15 јуни прво авионско третирање, на 10 јули второ авионско третирање, и трето авионско третирање на 10 август.
| Tweet |




