Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 август 2022
Вчеравечер недела, на крстосницата кај семафорите се случила сообраќајна несреќа, во кој едно лице се здобило со тешки повреди. Истото денес е пренесено на Клинички во Скопје.
„На 28 август 21.15 часот било пријавено дека во Велес на крстосницата од ул.“Алексо Демниевски“, ул.“Вардарска“ и ул.“Наум Наумовски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл “пијаџо беверли“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(43) од Велес и патничко моторно возило “шевролет круз“ со германски национални ознаки, управувано од Д.Н.(49) од Германија“- соопштија од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.
„Во неделата вечер е донесен пациент, кој имал повеќе скршеници и повреди на телото. Лицето било со политрауми и во текот овој ден, претпладнето е префрлено на Неврохирургија во Скопје“ - соопштија од Велешка болница.
Tweet |