речник контакт

ГЛАДТА Е НАЈТЕЖОК ВИД НА СИРОМАШТИЈА

16-ти Октомври Светски ден на борбата против гладта. За социјално ранливата категорија Црвениот крст и Општина Велес подарија 75 пакети со храна

Петар Печков

НЕДЕЛАТА ПОТИВ ГЛАДТА е време за акција со цел  да се вклучиме и им понудиме помош во форма на храна на сиромашните и социјално загрозени граѓани. Така постапија и Општина Велес и Општинскиот Црвен крст.

Во рамките на 16-ти октомври Светскиот ден на гладта, Општинската организација на Црвениот крст и Општина Велес на сиромашните семејства им доделија пакети со храна. Црвениот крст додели 60 пакети од собраните средства од ланската акција, додека Општине Велес додели 15 пакети во вредност од  две илјади денари. Пакетите се поделени со помош на Општинскиот Центар за Социјална работа на семејствата на кои им е помошта во храна најпотребна.



АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »