Петар Печков
Објавено: вторник, 31 јануари 2023
Викендот пред нас стартува пролетниот дел од одбојкарското првенство. Велешкиот прволигаш ГОК Борец по првиот дел од првенството се најде на високото трето место со 8 победи и два порази. Во првото коло од продолжението сабота или недела игра со екипата на ОК Лирија која е четврто пласирана. Во оваа фаза од натпреварите се играат 10 кола.
Во меѓувреме ГОК Борец го засили репрезентативецот Лука Костиќ, кој игра на позиција примач и има 22 години. Тој доаѓа од екипа од соседна Бугарија и е член на најдобрата македонска репрезентација, а заедно со Филип Лепидовски треба бидат младите сили на клубот, и да му донесат пласман меѓу првите четири екипи, кои ќе разигруваат за титулата.
Можно е во наредните денови во клубот да дојде и странец.
Tweet |