Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 ноември 2020
Со победа од 3:1 (12;21;-21;20) одбојкарите на ГОК Борец се на четвртото место од Првата лига и пред пласман во плејоф разигрувањето на најдобрите. Попладнево во салата Гемиџии беше совладана екипата на ОК Универзитет Гоце Делчев од Штип, со која гостите беа отпишани од надежта дека тие ќе влезат меѓу првите четири екипи. Во последното коло, велешани гостуваат во Скопје на ОК Вардар и потребен им е сет за сигурно четврто место а главниот конкурент ОК Шкендија треба да игра со лидерот ОК Универзитет Тетово, но во екипата има играчи позитивни на ковид-19 и неизвесно е кога ќе се одигра овој натпревар.
Се одигра петтото коло од Првата футсал лига, во кое екипата на КМФ Велес ја забележа првата победа. Славеше на домашен терен со 16:8 против екипата на КМФ Кратово. Екипа ан КМФ Кеги моби натпреварот против првакот КМФ Шкупи ќе го игра во среда, во салата Гемиџии, поради настап во квалификациите за Лигата на шампионите на екипата од Скопје.
Во петтото коло oд Втората кошаркарска лига, група Исток, дербито се играше во Скопје помеѓу непоразените екипи на КК Ангели и КК Борец баскет. Велешани забележаа убедлив пораз од 83:56, а оправдување може да биде отсуството на повредениот Брчков. Веќе в среда се игра следното, вонредно коло, а КК Борец басект гостува во Куманово, на екипата на КК Куманово 2 којa е седмa со пет бода.
Tweet |