речник контакт

ГОК Борец против ОК УГД Штип во Супер купот за одбојка, среда вечер во Тетово

Велешани се финалисти на шампионатот и на Купот и ќе играат против двојниот освојувач од Штип

Петар Печков

Утре 7-ми октомври, велешки ГОК Борец  ќе го игра одбојкарскиот Супер куп, кој ќе се одржи во салата „8 Септември“ во Тетово. Противник на велешани е освојувачот на титулата првак и освојувачот на Купот ОК УГД Штип. Велешани пак беа финалисти и во шампионатот и во Купот. 

Ова е за прв пат во одбојката да се игра Супер куп. Натпреварот започнува во 17ч. веднаш потоа се игра женскиот Супер куп, помеѓу   шампионот Работнички и освојувачот на Купот ЖОК Вардар ЕМ, двете екипи од Скопје. Двата натпреври се дел од обојкарскиот турнир Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Тренерот на велешани Петре Жабев за натпреварот вели:

„Чест и задоволство е да се игра на оваков јубилеј 50 одини Чајка и прв Супер куп. Оваа година ќе ја заокружиме со уште едно финале на првиот Супер куп по двете финалиња во првенството и купот. За нас како клуб успешна година клубот каде слави и 70 години. За овој натпревар нашата екипа ќе игра во изменет состав од претходната сезона.Новите играчи треба да се приспособат на играта и тимскиот дух на екипата, сепак фаворитската улога им ја препуштаме на екипата на УГД Штип но секој момент и опуштање на противничката екипа ќе се обидеме да го искористиме.Се надеваме на еден јубилел каков што доликува за ова натпреварување и ќе го дадеме нашиот максимум да се претставиме во добро светло“ – порача Жабев.

Во составот ќе бидат засилувањето Ангел Бошков и Бразилецот Филипе Оливера  кој ќе ја игра втората сезона во ГОК Борец.  

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »