Петар Печков
Објавено: четврток, 16 февруари 2023
Одбојкарите на ГОК Борец со победа се пласираа во завршницата на Купот на Македонија. Тие вчера со 3:1 (14, -22, 16, 20) ја победија екипата на ОК Универзитет Гоце Делчев од Штип во 1/4 финалето. се игра еден натпревар и велешани, како домаќини стигана до победата и пласманот меѓу четирите најдобри.
Таму се и екипите бранителот на пехарот ОК Струмица, ОК Шкендија и ОК Универзитет во Тетово.
Ждрепката за полуфиналето ќе биде дополнително одредена а се знаат термините за одигрување. Машкото полуфинале е на 24 март а финалето два дена подоцна.
Екипата на ОК Борец како Универзал промет во 1995 година го освои Купот, кога беше домаќин во Велес.
Веќе в сабота во салата Гемиџии, велешани ги чека сериозно искушение од првенството. Во третото коло од продолжението на првенството, гостува лидерот ОК Струмица, кој во минатото коло, (не)очекувано загуби дома од ОК Шкендија.
Tweet |