Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 април 2023
Одбојкарите на ГОК Борец со победа ја завршија втората фаза на првенството од Првата лига. Славеа на гости во Скопје, Работнички– ГОК Борец 0:3 (22:25, 20:25, 20:25). Со оваа победа велешани се трети и од среда започнуваат со разигрувањето за шампионксата титула. Во полуфиналето противник им е тетовска ОК Шкендија а првата средба ја играат на гостински терен, се игра на две победи. Второто полуфинале е ОК Струмица –ОК Работнички. Досега велешани одиграа во оваа сезона четири средби со тетовци и резултатот е израмнет две победи и два порази.
Во Втората кошаркарска лига КК Борец баскет загуби убедливо во претпоследното коло во Куманово од МКК Куманово – Борец баскет 90:60. Следниот викенд во последното коло играат дома со екипата на КК Шкупи, која е сосед на табелата – 9-та со 31 бод а велешани имаат 24 и се десети.
Во саботата во салата Гемиџии се одигра првото градско дерби во ракомет, помеѓу екипите на РК Бисинов и МРК Борец. Победи помладиот лигаш по стаж РК Бисинов со 37:26 (16:14). Така МКР Борец и натаму е последен 7, без бодови, додека РК Бисинов има 12 и е во групата од четири екипи кои се од 2 до 5 место. Во следното коло МРК Борец игра во Штип со РК Текстилец кој е лидер во групата која разигрува за опстанок а РК Бисинов е слободен.
Tweet |