речник контакт

ГРК Борец на шестото место од Супер лигата

За тренерот и раководството ова е успех со квалитетот на играчите со кој располага екипата и со средствата кои ги има за натпреварување

Петар Печков

Шестото место на ракометарите на ГРК Борец по одиграните 14 кола се  успех и за раководството и за тренерот на екипата. Целта на велешкиот ракометен лигаш е годинава опстанок во оваа  конкуренција, меѓу 10-те  најдобри и тоа пред се  со ракометари кои потекнуваат од градот,   велешани.

Овој пласман е   успех за нашата екипа, имаме изедначена лига по квалитет , опстанок во лигата тоа е наша цел. Освоените 16 бода се доволен показател за нашите можности, иако   можеше и повеќе ако  ирачкиот  кадар навреме беше екипирани,  со соодветни играчи. Баравме играчи кои ќе помогнат во  опстанокот, со тоа што тие што  задоволија останаа,  останатите заминаа.   Можеме повеќе ако навреме обезбедиме квалитетен играчки  кадар  немавме време да се уигравме.  Кога дојдоа засилувањата пред се од градот работите тргаа на подобро. Недостатокот на врвен    квалитет го надополнувавме со  борбеност, посветеност, вербата во себе и во со играчите - вели тренерот Васко Василев.  

Во текот на оваа сезона во клубот дошле   12 нови играчи, четворица   останале. Од нив само едно е надвор од градот, голманот Стојановски.  Никој не сакаше да  споменува кој го понесе товарот на ракометната борба  на теренот, но секако дека според постигнатото тоа освен голманот беа и  капитенот Стојановски, Мачавелов, Игнов, Ивица Лазаревски. На неколку натпревари  Борец загуби иако лено можеше да победи. 

Последните четири кола освоивме 10 бода и тоа во средби со поквалитетни екипи од нас.  Имавме силна  мотивација, ракометарите    докажаа дека имаат квалитет. Загубиме неколку средби  на гостувањата поради технички причини и   нашата неподготвеност дека можеме да победиме. Така беше со Прилеп, Пелистер.  Создаваме екипа  која ќе биде респектабилен во Македонија цел осмо место да се избегне места кои водат во понизок ранг или бараж за опстанок  - додаде Василев. 

 За раководството на ГРК Борец податокот што со буџет од 30 илјади  евра, обезбедени од општинската каса, Борец стигна до овој резултат е за пофалба, оти тој бил најнискиот во Супер лигата, сите другите имале далеку повеќе.  Марко Колев член на Управен одбор  најави засилувања на полусезоната.

Преговараме со тројца  ракометари и до крајот на јануари би имале до две нови имиња. Во иднина  до екипирање повторно со велешки играчи кои потекнуваат до градот.  Цел не е метеорски напредок и трошење многу пари, туку да се создаде екипа со која ќе се работи  континуирано чекор по чекор и така да се   создаде силна екипа - изјави Колев.

 Не прецизираше дели преговараат  со велешани кои играат во други екипи и кои се нивните имиња.  Подготовките продолжуваат по 20 јануари. Остануваат да се одиграат уште четири кола, по што лигата се  дели на две, ГРК Борец ќе игра за опстанок и досега освоените  бодови нема да важат. Последно пласираниот излегува директно а тој пред  него игра бараж со второпласираниот од Првата лига.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »