речник контакт

ГРК Борец се засили со Илиев и Ордев

Остварена правата цел, опстанок во Супер лигата

Петар Печков

Ракометарите на Борец за следната сезона се засилија со две нови имиња, ракометари кои веќе настапувале во дресот на велешкиот лигаш.  Во матичниот клуб се вратија Ивица Илиев и Миле Ордев, кои минатата сезона играа за супер лигашот  Радовиш.  

Задоволство ми е што се вратив  во матичниот клуб,  каде ја започнав кариерата. Клубот не беше во добра состојба па заминав и сега се враќам – рече  Ивица Илиев кој игра на позицијата среден  бек .

Остварена е целта во првата година од настапот во Супер лигата, опстанок во најквалитетното друштво. Тоа е преку бараж кој минатиот викенд се играше во  Прилеп против  екипата на Вардар 2, кој беше второпласиран во Првата лига. Борец победи со 26:20. За следната година, раководството на клубот најавува борба  средината на табелата и стабилен суплираш.  Целта на клубот е тој да биде составен од велешки ракометен  кадар.  

Екипата добро ја познавам, со некои имам претходно и играно. Очекувам дека добро ќе бидеме прифатени. Ќе го дадам својот максимум и се надевам на добри резултати  - рече   Миле Ордев кој игра како лев бек.

Од управата   најавуваат нови засилувања. Се преговара за продолжување на договорот со голманот Стојановски. Од екипата  во битолски Пелистер  замина бекот  Ивица Лазаревски, кој беше на поширокиот состав на репрезентативниот список на селекторот Червар. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »