Петар Печков
Објавено: вторник, 21 јули 2015
Согласно законската регулатива, ГРК Борец кој е нов член на Супер лигата, за да може од есен, да се натпреварува во оваа конкуренција мора да биде Акцонерско друштво. Затоа локалната власт ја започна процедурата за формирање на АД за вршење дејност спорт.
По теркот на случни клубови во земјава, во Охрид, Битола, Прилеп, Радовиш, Куманово, Центар -Работнички, Аеродром -МЗТ, истата постапка мораме и ние како општина да ја направиме. Што ќе оставиме како сигурност, движна или недвижна ствар ќе одлучиме дополнително - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Основачката вредност на АД е во денарска противвредност, во износ од 25 илјади евра и ја обезбедува Општина Велес со 100 отсто капитал. Таа ќе учествува со непаричен влог со недвижност и ствари, стои во одлуката
Tweet |