Петар Печков
Објавено: четврток, 06 декември 2018
Ветераните на РК Борец се обидуваат да се надмине лошата состојба во клубот и најдоа начин да се одиграат двата натпревари до есенскиот дел на полусезоната, во Супер лигата. Ова откако претходно УО на ГРК Борец поради немање на средства реши да се откаже. 11 кола велешани играа со младинска екипа и бележеа порази. Попладнево се сретнаа и се договорија да помогнат клубот до крајот на годината за го заврши натпредувањето а потоа локалната власт да најде нов Управен одбор.
Двата натпревари неодиграниот со РК Охрид во Охрид и со Пелистер дома, ќе се одиграат со младинска екипа. Нема да дозволиме клубот да биде казнет со три години настапување и префрлање во најнизок ранг натпревари. Останува само дилемата како ќе бидат наградени младите ракометари кој ги бранеа есенва боите на ГРК Борец - велат од Ветераните на РК Борец.
Од Општина Велес по најавите за откажување на натпреварите на ГРК Борец изјавија дека сите 1,5 милиони денари средства за работа на клубот, предвидени со Буџетот за оваа година се исплатени пред време, пред декември. Жалат што наместо за младите ракометари заминуваат за тужби. Затоа се подготвени со дополнителни средства да се реши проблемот со тужбите, поточно спогодбено да се решат тие спорови.
Tweet |