Петар Печков
Објавено: четврток, 16 јули 2015
Со промената на ГУП на населба Тунел, се избришаа гаражите на ЈКП Дервен од планот на градот, кои со години беа таму и на нивно место ќе се градат згради. Ова е одлука која ја донесоа советниците на Општина Велес, на последната седница.
На местото од гаражите на ЈКП Дервен ќе се градат згради, најголемиот дел социјални. За сметка на тоа нова локација за гаражите е во кругот на касарната Алексо Демниевски Бауман и тоа по должината на Раштански пат - изјави Зоран Мецанов раководител на Оддлението за урбанизам.
Оваа идеја подолго време се заговараше во градот и сега започна нејзината реализација.Прво со промена на ГУП.
Tweet |