Петар Печков
Објавено: четврток, 19 јануари 2023
Игор Васиљевиќ (39 год) од Велес беше најумешен и го фати крстот на Водици, кој во реката Вардар, од Мало мовче, беше положен од Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарска епархија.
„Годинава скокав по седми пат и за прв пат го фатив крстот. Мотивот ми беше традицијата, верата. На сите граѓани им посакувам здравје, вера, љубов “ - кажа Васиљевиќ.
Силниот ветер од јужен правец им создаде проблеми на тие што се пријавија за да го фатат крстот.
Тој меѓу 71 пријавени беше најумешен. Вработен е во Армијата како гардист. Доби награди од Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарска Епархија, од кумот Ване „Жито маркети“ кој е трета година по ред , градоначалникот на Велес Марко Колев, од ЈКП Дервен, од ЈВП Лисиче, од Зегин и други бројни спонзори.
Васиљевиќ има можност од утре следните 40 дена да ги посетува домовите на велешани и да биде награден за тоа што го фати крстот.
Tweet |