речник контакт

Гарп Мемиш собира потписи за листа на советници, со цел во Велес за прв пат Ром да бил советник во Општинскиот Совет

На листата има високо образовани Роми, кои треба да донесат нов живот за оваа популација - вели Мемиш

Петар Печков

Во Велес засега  е поднесена една  независна листа, за која во тек е постапката за собирање на потребните 350 потписи.  Носител на листата е Гарп Мемиш. Тој објаснува дека  целта му е за прв пат во Велес, да има член на Советот од ромска националност.  

„Сакам да се актуализираат но и да се решат горливите проблеми  кои ги има ромската популација во Велес.  Тука е социјалната и здравствената проблематика, инфраструктурата- патишта и водовод, во  месности каде живеат Ромите.  На листата има високо образовани Роми, кои треба да донесат  нов живот за оваа популација“ - кажа Мемиш кој е приватник и има сопствен бизнис. Очекува дека до попладнево ќе ги собере потребните потписи.

Потписите се собираат во Подрачната единица на ДИК во Велес. Ова е засега единствената листа, за која се собираат потписи. Тука можат да се поднесат  и листи или кандидати за градоначалници за соседните општини Градско и Чашка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »