Петар Печков
Објавено: петок, 07 јануари 2011
1. Некој поминал покрај едно лозје и видел еден маж и една жена каде работеле, та и поздравил и им рекол:
- Добро ви утро м’ж и жена.
а жената одговорила:
- Ние не сме м’ж и жена, м’жу е мајка на моја мајка свекрва.
Шчо биле тие помеѓу си?
2. Еден човек пред себе терал овца. На грбот носел врзано сено. Зад себе водел врзан волк. Дошол до една река. Преку водата се минувало со кајче за двајца. Човекот требало да ги пренесе едно по едно, но притоа да внимава едното да не го изеде другото. Кажи како би ги пренесол ти?
3. Еден човек со кучето отишол во зеленчукова градина и фатил зајак. Скинал и една зелка и тргнал кон дома носејќи го зајакот и зелката. Зад него одело кучето. Дошол до реката. Преку мостот требало да ги пренесе, а мостот крепел да носи само по едно. Како ќе ги пренесе?
Решение за првата гатанка:Татко и ќерка.
Решение за втората гатанка: Најпрвин ќе ја пренесам овцата. Остануваат волкот и сеното, а волкот не јаде сено. Потоа ќе се вратам ќе го земам сеното и ќе го пренесам кај овцата. Овцата ќе ја земам и ќе ја пренесам кај волкот. Овцата ќе ја оставам, а волкот ќе го пренесам кај другата страна кај сеното и ќе го оставам, а ќе се вратам по овцата. Така ќе ги пренесам сите.
Решение за третата гатанка : Најпрвин ќе го пренесе зајакот. Ќе ги остави кучето и зелката. Потоа ќе се врати по зелката. Ќе ја пренесе зелката и ќе ја остави, а зајакот ќе го врати. Зајакот ќе го остави, а кучето ќе го пренесе кај зелката. Потоа на крајот ќе се врати по зајакот.
Tweet |