речник контакт

Гајдова и Шопов избрани за судии во Апелација Скопје

Александар Шопов е избран за граѓански оддел а Габриела Гајдова за кривичен оддел

Петар Печков

Двајца судии од Основен суд Велес, денес беа избрани за судии во Апелација Скопје. Судскиот совет со пофални зборови и за судијата Александар Шопов, кој работи граѓански предмети и за судијката д-р Габриела Гајдова која работи кривични предмети.  Тие ги добиле сите 12 гласа од членовите на Судскиот совет.

Александар Шопов од Основниот суд Велес, на седницата бил карактеризиран дека е  познат како „соговорник од правото кој те поттикнува”, како што рекла членката на Судскиот совет Антоанета Димовска, и бил   првиот избран од листата за граѓанскиот оддел во Апелациониот суд Скопје.

„Гајдова  не само што учествува на конференции и тркалезни маси, туку е храбра и да го креира казненото право”, кажа Весна Дамева од судскиот совет , а по неа сите 11 членови редеа комплименти, истакнувајќи ја како редок пример на кариера во судството. Гајдова  е едукатор на младите судии и обвинители, објавува трудови и книги, на ретки теми, како што е лекарската грешка.

фото ОС Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »