речник контакт

Гевгеличанец кој бил баран со потерница за бегство и за притвор, уапсен во велешко

Лицето било уапсено на автопат кај место викано „Остово“

Петар Печков

Полицијата во велешко  уапсила гевгеличанец, кој бил баран со две потерници, за бегство од затвор и за притвор за друго дело.  СВР Велес со детали за настанот.

„На 31 октомври  во 22 ч. часот на автопатот А1, кај место викано „Остово“, велешко ,полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Х.Ѓ.(21 год) од Гевгелија. Тој бил баран со две централни потерници врз основа на наредби од Воспитно - поправен дом од Тетово поради бегство и на ОЈО ГООК Скопје за издржување на мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.  

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »