речник контакт

Гемиџиите допловија по Вардар во Гевгелија (фото)

Реката годинава создавала проблеми при пловењето, ветерот сојузник на ,,Гемиџиите,,

Петар Печков

По четири дена пловење, попладнево современите Гемиџии допловија до Гевгелија.Откако во четвртокот наутро тргнаа од Велес, учесниците на 17-тата Вардарска регата, неделава стигнаа до целта, најјужниот град во земјава.

Стотина учесници изминатите денови минаа 120 км, поделени на четири етапи. За разлика од претходните години, оваа има потешкотии при пловењето.  Надојдениот Вардар пролетва оставил зад себе бројни препреки.

По реката имаше многу стебла, гранки кои создаваа проблеми. За разлика од претходните години, иамвме нова траса на пловење. Но и  покрај се, без никаков проблем стинавме до целта. За сите четири дена не  е регистриран никаков инцидент. Затоа пак ни помагаше ветрерот кој ни даваше сила во грб и стигневме на некои точки побргу од планираното, освен првиот ден, кога имавме долго пловење поради страничниот ветер. Немавме повредни учесници, немавме оштетени чамци, што ќе рече дека имавме успешна регата - изјави Себо Шаќиров  дел од Здружението  на граѓани ,,Вардарска регата,,  организатор на регатата.  

Нивото на реката Вардар како и минатите години овозможило безбедно пловење. Организаторите објаснуваат дека годинешниот број на учесници, стотина за кои тие можат да гарантираат безбедност, бидејќи бројот на пловила  14 и нивното меѓусебно растојание  во цела должина од  околу еден километар е максимум, кој тие можат да  го контролираат, повеќе не.  Годинава за прв пат по 16 години, регатата имаше меѓународен карактер, учествуваа гости од Србија и Бугарија. Тие беа задоволни од тоа што го доживеаа изминатите четири дена.

Сите се враќаме со пријатни, убави впечатоци. Изградивме партнерски односи со колегите од Македонија и Србија. Не беше многу тешко, прв пат учествуваме на регата, но затоа можеме да заедно  да имаме корисна пракса на други спасувачки проекти - рече   Анатон Налбантов директор на Дирекцијата за спасувањена вода во Бугарија при тамошниот Црвен Крст.  која учестуваче со пет лица на регатата. Исто толку имаше и Извидничкиот одред  Мија Станимировиќ  од Ниш Србија.

Впечатоците се дека Вардар не е тешка река, како што очекувавме. Не се плашевме туку бевме претпазливи. Првиот ден беше најдолг и највозбудлив потоа беше лесно.Не сме поречански одред, освен штои имаме искуство на веслање по езеро, ова е прво по река но се мина супер - рече Никола Марковиќ извидник од Ниш. 

 На целта ,.,Гемиџиите,, ги пречека градоначалникто на Гевгелија Иван  Фрнгов, која на колегата од Велес, Славчо Чадиев му најави дека следната година заедно, на гемијата,  ќе ја минат последната  етапа. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »